Го закрепнува телото и дава витамини: Крем чорба од зеленчук и јогурт

Го закрепнува телото и дава витамини: Крем чорба од зеленчук и јогурт

Лесна и вкусна чорба со јогурт – најдобар извор на хранливи материи.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1/2 тиквица
  • 2 моркови
  • 4 шампињони
  • 1 лажица мешавина од зачини
  • 100 гр тарана (тестенини)
  • 1,2 л вода
  • зачини
  • сол
  • бибер
  • 1 коцка за пилешка супа
  • малку маслиново масло
  • 150 мл јогурт
  • 1 жолчка

Начин на подготовка:

  1. На малку маслиново масло пропржете ситно сечкан кромид, тиквица и исечкани шампињони. 
  2. Додајте исечкан морков. Зачинете со зачин, па кратко динстајте. Ставете вода, додајте коцка за супа, па гответе десетина минути. Потоа додајте тестенини и гответе уште десетина минути.
  3. Разматете јогурт и жолчка, ставете малку течност од тенчерето, па со непрекинато мешање ставете ја смесата во тенџерето. Крчкајте уште 2-3 минути. Зачинете по вкус (сол, бибер). 
  4. Послужете ја чорбата топла. По вкус посипете со сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*