Есенски колач со бисквити, јаболка и банани

Есенски колач со бисквити, јаболка и банани

Одличен колач со чај за есенските денови…

Состојки:

  • 200 гр бисквити
  • 100 гр мелени бисквити
  • 3 банани
  • 3 јаболка
  • 150 гр мелени ореви (може лешници или бадеми)
  • 100 гр шеќер
  • 1 пудинг од ванила
  • 1/2 л млеко
  • 2 лажици шеќер
  • шлаг по желба

Начин на подготовка:

  1. Јаболката излупете ги, крупно изрендајте ги и ставете ги во поголема чинија. 
  2. Додајте изгмечетени банани, мелени ореви, мелени бисквити, шеќер и добро измешајте. 
  3. Со бисквити обложете тацна или тепсија. На бисквитите нанесете фил и израмнете ја површината. 
  4. Подгответе пудинг според упатството на кесичката. Нанесете пудинг на филот и оставете да се излади. 
  5. Исечете на коцки, а по желба секоја коцка украсете ја со шлаг.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*