Вкусни пилешки батаци полнети со кремасто сирење!
Состојки:
- 4 парчиња пилешки батаци и карабатаци (околу 600 гр)
- 200 гр кремасто сирење
- јунешка марамица
- сол
- бибер
- зачини по желба
Начин на подготовка:
- Откостените карабатаци измијте ги, исушете ги на хартиени салфети и истријте ги со сол, бибер и зачини. Оставете да отстојат околу 30 минути.
- Месото наполнете го со сирење. Потоа замотајте го во јунешка марамица и печете околу 40 минути на скара.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо