За изненадни гости: Пита која се топи во уста, а се прави за кратко време (Видео)

За изненадни гости: Пита која се топи во уста, а се прави за кратко време (Видео)

Пита која се топи во уста, а се прави за кратко време!

Состојки:

  • 180 гр кисела павлака
  • 2 јајца
  • 1/2 лажичка сол
  • 200 гр шунка
  • 400 гр кашкавал за пица
  • пасирани домати
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1/2 мала лажичка оригано
  • прстофат сол
  • готови кори за пита
  • алу фолија

Начин на подготовка:

  1. Подгответе премаз од кисела павлака, јајца и малку сол па измешајте. 
  2. Исечкајте шунка, а кашкавалот изрендајте го. Подгответе сос од домати. 
  3. Намастете лим па преку ставете една преклопена кора. Премачкајте ја кората со малку прелив од павлака и јајца па додајте малку шунка и сос од домати. 
  4. Распоредете рендан кашкавал и повторувајте додека не го потрошите целиот материјал. Завршниот ред нека биде само кора и малку прелив од павлака и јајца. 
  5. Прекријте ја питата со алу фолија и печете половина час на 200 степени. Тргнете ја фолијата, додајте уште малку кашкавал и запечете без фолија петнаесетина минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Сашина кујна“:

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*