Тестенини во кремаст сос од ореви: Италијански специјалитет кој никого не остава рамнодушен

Тестенини во кремаст сос од ореви: Италијански специјалитет кој никого не остава рамнодушен

Денес ви донесуваме рецепт за традиционални италијански тестенини во богат сос од ореви.

Состојки:

  • 200 гр ореви
  • 2 дл млеко
  • 2 парчиња леб, без кора
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица пармезан
  • 3 дл маслиново масло
  • 1 дл млака вода
  • прстофат сол

Начин на подготовка:

  1. Загрејте вода и посолете ја, па кога ќе зоврие, намалете ја температурата и згответе ги тестенините по желба. Лебот потопете го во млеко, а потоа исцедете го и издробете го со раце. 
  2. Во блендер иситнете ги оревите. Во сад измешајте дорбен леб, ореви, лук, пармезан и сол Оваа смеса соединете ја во блендер додека оревите целосно не се иситнат. Во смесата додајте маслиново масло и малку млака вода, па мешајте додека не добиете богат, кремаст сос. Прелијте ги тестенините со сос и послужете ги топли. 
  3. Уживајте во традиционалниот вкус на Италија.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text