Направете мини чизкејк: Кремаст десерт во чаша со малини (Видео)

Направете мини чизкејк: Кремаст десерт во чаша со малини (Видео)

Десерт кој освежува! Од оваа смеса ќе добиете помеѓу 20 и 25 мали чаши десерт.

Состојки:

  • 2.5 л млеко
  • 320 гр пудинг од ванила
  • 2 и пол маргарини
  • 300 гр шеќер
  • 100 гр шлаг
  • 600 гр пишкоти
  • сок од портокал
  • малини

Начин на подготовка:

  1. Згответе пудинг по упатството на кесичката, мешајте на умерен оган додека убаво не згусне. Кога ќе биде готов оставете го да се излади. Маргаринот разматете го со шеќер, додајте по малку фил, па кога убаво ќе се соедини додајте шлаг, кој претходно сте го разматиле со 100 мл вода. Сè соединете.
  2. Пишкотите искршете ги на 2 или 3 дела, потопете ги во сок од портокал и редете ги на дно на чаша. Потоа ставете преку фил и од горе малини. Повторете ја постапката додека не ги наполните чашите со десерт.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на Милица Михаиловиќ:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*