Ќофтиња од моркови

Ќофтиња од моркови

Пикантни залаци од вкусни моркови…

Состојки:

  • 1 кг моркови
  • 2 јајца
  • 1 лажица брашно
  • 2 главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 3 лажици гриз
  • земичка
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Морковите исчистете ги, измијте ги и обварете ги во солена вода. Исцедете ги и добро испасирајте ги со вилушка.
  2. Во морковите измешајте јајца, брашно, гриз, сечкан кромид и лук, навлажнета и исечкана земичка. По потреба досолете и масата добро изедначете ја.
  3. Правете ќофтиња и пржете ги на врело масло.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text