3 начини за стелиризирање тегли за зимница: Во микробранова сè е готово за 30 секунди

3 начини за стелиризирање тегли за зимница: Во микробранова сè е готово за 30 секунди

И најмалата нечистотија може да влијае на рокот на траење на зимницата.

Ако сакате вашата зимница да потрае и да не се расипе, освен квалитетни состојки важна е и подготовката на теглите во кои ќе ја чувате.

Прво што треба да направите е темелно да ги измиете со детергент и вода или кратко да ги зовриете во вода во која сте додале малку алкохолен оцет. Потоа следи стерилизација, а таа може да се направи на неколку начини.

Во рерна

Многу ефикасна техника за стерилизација на теглите е во рерна. Наредете ги теглите на голем плех, на чиста крпа, ставете околу 2 см вода и загрејте на 125 степени. Откако водата ќе почне да врие, извадете ги од рерна. Поклопите можете да ги стелиризирате на ист начин, но малку пократко држете ги во рерна.

Машина за миење садови

Наполнете ја машината за миење садови со чисти тегли и ставете ги на програм за миење со врела вода. Ова е добра метода и за тегили со гума и капаци.

Микробранова печка

Оваа метода користете ја за обични тегли, не за оние со гумирани капаци и метални капаци. Теглите измијте како и обично, но оставете ги да бидат малку влажни. Ставете ги во микробранова на 30-45 секунди во зависност од големината на теглите.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text