Плескавици со фета сирење – се топат во уста

Плескавици со фета сирење – се топат во уста

Брзо се подготвуваат, а имаат фантастичен вкус!

Состојки:

  • 3 средни тиквици
  • 250 гр фета сирење
  • 1/2 веза копар
  • 3 јајца
  • 100 гр брашно
  • 50 гр презла
  • 4 струка млад кромид
  • сол
  • бибер
  • масло

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги и изрендајте ги тиквиците. Ставете ги во цедилка, посолете и оставете околу половина час да се исцедат. Во меѓувреме, исечкајте млад кромид и измешајте со издробено фета сирење. Додајте ситно сечкан копар и брашно, бибер и сол, но не премногу бидејќи сирењето е солено. 
  2. Додајте разматени јајца и сè добро соединете. Во оваа смеса додајте исцедени тиквици и сè уште еднаш измешајте. Во поголема тава загрејте масло, па ставете по една лажица смеса од тиквици и пржете околу пет минути од секоја страна. Ставете на салфети да се исцедат од вишокот маснотии.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text