Ручек готов за 30 минути: Запечени тестенини со карфиол

Ручек готов за 30 минути: Запечени тестенини со карфиол

Брз и вкусен ручек, ќе го обожавате!

Состојки:

  • 300 гр тестенини
  • 1 поголем карфиол (само цветовите)
  • 125 гр путер
  • 125 гр брашно
  • 150 мл млеко
  • 1 лажичка сенф
  • 140 гр изрендано чедар сирење
  • презла

Начин на подготовка:

  1. Зовријте вода за тестенини. Тестенините оставете ги да бидат ал денте, а на половина од готвењето додајте карфиол. Кога ќе ги исцедите не ја фрлајте целата вода бидејќи ќе ви треба за сос.
  2. На тава растопете путер, додајте брашно и со константно мешање додајте млеко. Кога смесата ќе згусне додајте половина од изренданото сирење и сенф. Сите состојки измешајте ги и посипете со презла и остатокот од сирењето, па запечете 5-6 минути, додека трошките не добијат златно-смеѓа боја.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text