Јогурт бисквит со капини

Јогурт бисквит со капини

Брз и едноставен десерт – рецепт кој ќе ве воодушеви!

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 3 јајца
  • 120 гр путер
  • 180 гр шеќер
  • 1/2 вреќичка прашок за печиво
  • 3 лажици течен јогурт
  • кора од лимон
  • 100 гр бадеми
  • 400 гр капини
  • шеќер во прав за посипување

Начин на подготовка:

  1. Четвртаст калап обложете со хартија за печење. Пенасто разматете жолчки, шеќер и путер. Додајте брашно измешано со прашок за печиво, јогурт и изрендана кора од лимон и сè измешајте. 
  2. На крај разматете снег од белки и со лажица наизменично измешајте го со мелени бадеми во смесата. Излејте во подготвен калап па измиените и исцедени капини распоредете ги по површината. 
  3. Печете го колачот околу 30 минути на 200 степени додека не поприми златно жолта боја. Кога ќе се излади, по желба посипете го со шеќер во прав.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text