Вкусни и брзи: Студентски шпагети

Вкусни и брзи: Студентски шпагети

Вкусни и едноставни за подготовка, често ќе ги правите!

Состојки:

  • 250 гр шпагети
  • 200 гр француска салама со зеленчук
  • 1 кисела павлака
  • 50 гр кравјо сирење
  • 1 лажичка сенф
  • 1 лажица мајонез

Начин на подготовка:

  1. Во длабоко тенџере ставете околу 1,5 л вода и супена лажица сол. Кога водата ќе зоврие, додајте 1/2 пакување шпагети. 
  2. Никако не го поклопувајте тенџерето, туку оставете го отворено за шпагетите да не се дробат. 
  3. После 10 минути, исклучете го шпоретот и оставете ги шпагетите во вода 5-10 минути да се изладат. За тоа време исечкајте салама и издробете сирење. 
  4. Процедете ги шпагетите и во тенџерето додајте кисела павлака, мајонез, сирење, сенф. Од горе украсете со лажичка кисела павлака и кечап.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text