Појадок или вечера: Бурек погачи по турски рецепт

Појадок или вечера: Бурек погачи по турски рецепт

Направете турски специјалитет во кујната за појадок или вечера.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 1,5 шолји вода
  • сол и бибер
  • брашно
  • 500 гр мелено месо
  • 1 кромид

Подготовка:

  1. Од брашното, вода и јајца со сол се меси тесто и се става во кесе да нарасне два часа.
  2. Најдобро е да го направите преку ноќ за утрото полесно да оди работата.
  3. Се развлекува со сукало, па се става плитка чинија и се сечат кругови.
  4. Меленото месо се меша со сечен кромид, се става сол и бубер и на едната половина на кругот се става месо и се преклопува.
  5. Се пржат на масло додека не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана