Англиски сладок пудинг од стар леб: Кој ќе го проба, следниот пат прави дупла мерка

Англиски сладок пудинг од стар леб: Кој ќе го проба, следниот пат прави дупла мерка

Неверојатно мек десерт од состојки кои сигурно веќе ги имате.

Овој пудинг се разликува по тоа што за неговата подготовка потребен е стар леб, но сигурни сме дека секогаш го имате во кујна.

За подготовка потребно е да одвоите околу еден час, а ќе добиете 12 порции.

Состојки:

  • 6 парчиња стар леб
  • 2 лажици путер
  • малку суво грозје по желба
  • 4 добро разматени јајца
  • 240 мл млеко
  • 150 гр шеќер
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка арома ванила

Начин на подготовка:

  1. Лебот искинете го на коцки и ставете го во сад за печење со средна големина. По лебот прелијте растопен путер и ако сакате ставете малку суво грозје. 
  2. Во сад разматете јајца, па додајте млеко, шеќер, цимет и ванила. Сè мора да биде добро поврзано. Смесата прелијте ја преку лебот и лесно притиснете со вилушка, за лебот никаде да не остане сув. 
  3. Печете 45 минути во рерна претходно загреана нас 175 степени.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text