Домашно слатко од смокви по рецепт на нашите баби (Видео)

Домашно слатко од смокви по рецепт на нашите баби (Видео)

Слатко од смокви за целосна зимница.

Состојки:

  • 1 кг смокви
  • 1 кг шеќер
  • 1 лимон
  • 1 лимонтус
  • ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Смоквите измијте ги, отсечете им ги дршките и прободете ги со чепкалка на неколку места за да не пукаат.
  2. Во малку вода растворете лимонтус па прелијте ги смоквите и малку извалкајте ги во лимонтусот.
  3. Оставете ги 5-6 минути. Во поголем сад ставете 2 л вода па со решетка вадете ги смоквите и спуштајте ги во врелата вода и гответе околу 5 минути.
  4. Извадете ги во суво тенџере. Шеќерот ставете го во тенџере па прелијте го со 300 мл вода и гответе да се ушпинува.
  5. Ставете ги смоквите да се готват околу еден час. Пред крај додајте половина цеден лимон, а остатокот исечкан на парчиња. Додајте ванила ако сакате.
  6. Зготвеното слатко прекријте го со мокра крпа и кога ќе се излади ставете во тегли.

Уживајте!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text