Домат за зимница: Варен сок кој ќе го чува вашето здравје до пролет

Домат за зимница: Варен сок кој ќе го чува вашето здравје до пролет

Подготовката на домашни зимници е во полн ек.

Состојки:

  • 50 кг домати
  • 10 лажици сол
  • 2 лажици шеќер
  • 2 кесички конзерванс
  • 20 гр мелен бибер
  • 2-3 пиперки
  • 1 веза листови магдонос
  • 1 веза листови целер

Начин на подготовка:

  1. Доматите излупете ги, исчистете ги па сомелете ги на машина за мелење домати. Добиениот сок од домати ставете го во големо тенџере. Ставете на средна температура да се готви. Додајте по една веза листови магдонос и целер. Ставете измиени цели неисчистени пиперки. 
  2. По желба ставете малку лута пиперка. Ставете шеќер, бибер и сол. Солта додавајте ја постепено по вкус. 
  3. Пред крај ставете конзерванс. Гответе уште малку. Вкупно гответе 90 мунути. Кога ќе биде готово, извадете ги пиперките и листовите и веднаш ставете во шишиња и затварајте ги со метални капачиња. Свртете ги наопаку секое шише да стои на капаче десетина минути. Потоа вратете во нормална положба.

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text