Чорбаџиско јадење: Овој оброк некогаш се спремал само за богаташи

Чорбаџиско јадење: Овој оброк некогаш се спремал само за богаташи

Совршено јадење на лажица!

Состојки:

  • 500 гр свинско месо
  • малку масло
  • 1 главица кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 300 гр печурки шампињони
  • 4 чорбаџиски пиперки (пржени пиперки кои пред термичка обработка стоеле во маринада од оцет, сол, шеќер, лук, магдонос и морков)
  • 1 шолја сок од домати
  • 3 кисели краставички
  • 50 мл бело вино
  • 100 гр сирење
  • 4 јајца
  • малку сол
  • 1 лажичка црвена пипер
  • малку свеж магдонос

Начин на подготовка:

  1. Месото исечкајте го на коцки и ставете го во длабока тава со загреано масло да се пржи. Во него додајте кромид, исчистен и исечкан на полумесечини и зелена пиперка исечкана на кругови. Гответе така 5 минути и додајте печурки исечкани на парчиња. 
  2. Измешајте и додајте исечкани краставици, домати и чорбаџиски пиперки, крупно исечкани. Јадењето зачинете го со сол. Гответе така околу 5 минути, потоа ставете вино. Оставете течноста да испари и од горе на состојките издробете сирење и добро измешајте. 
  3. Во прженото јадење со лажица направете гнезда и во нив скршете јајца. Кога јајцата ќе побелат, јадењето посипете го со црвена пипер и ситно сечкан магдонос.

Добар апетит!

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text