Највкусните лазањи по традиционален рецепт (Видео)

Највкусните лазањи по традиционален рецепт (Видео)

Вкусни лазањи со мелено месо – идеален избор за ручек!

Состојки:

  • 400 гр мелено месо
  • 1 пакување готови кори за лазањи
  • 1 главица кромид
  • 1 поголем домат
  • црвена пипер
  • зачин
  • сол
  • масло
  • бибер
  • 300 гр кисела павлака за сос
  • 2 јајца за сос

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете ситно сечкан кромид па додајте мелено месо и малку продинстајте го. Додајте домат исечкан на коцки, лук, зачин, сол и бибер.
  2. Во чинија скршете јајца, па додајте павлака и измешајте.
  3. На дно на тепсија наредете листови кори за лазањи, кои сте ги провлекле низ врела вода, премачкајте со дебел слој павлака, потоа кори, па 1/3 фил од мелено месо, па кори, павлака, кори, павлака, месо и така додека не го потрошите материјалот. Од горе ставете дебел слој павлака и ако сакате изрендајте малку кашкавал.
  4. Печете на 200 степени околу 40 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text