Направете си вкусен ручек без месо, лесен, ароматичен и посебен.
Состојки:
- 1 главица карфиол
- 1 лажиче сол
- 30 гр. путер
- 50 гр. презла
- 3 јајца
- 2 лажици кисела павлака
- 4 лажици млеко
- сол и бибер
Подготовка:
- Се пере и дели на цветови карфиолот, се вари во солена вода, со внимание да не се превари, па се цеди добро.
- Се загрева рерна на 200 степени, а во огноотпорен сад се става путер, па презла.
- Се става карфиолот, се притиска со виљушка и се става да се запече 10 минути.
- Се мати павлаката со јајца, сол и бибер, како и млеко.
- Се става смесата преку карфиолот и се пече уште 20 минути.
Добар апетит!
Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо