Рецепт за домашен леден чај

Рецепт за домашен леден чај

Наместо да го купувате, направете сами одличен домашен леден чај.

Состојки:

  • 1/2 шолја сушени шипинки
  • 1/2 шолја сушени листови малина
  • 1,5 шолја природен сок од малини или вишни (без вештачки засладувачи)
  • 1/3 шолја свежо исцеден сок од портокал
  • 4 парчиња портокал

Начин на подготовка:

  1. Во сад зовријте седум дл вода па додајте сушени шипинки. Оставете лесно нека готви 10 минути во полуоткриен сад. 
  2. Садот тргнете го од оган, додајте листови малина, поклопете и оставете да отстои 10 минути. 
  3. Процедете го чајот низ густа газа, бидејќи важно е на крај добро да ги исцедите шипинките и листовите малина, за чајот да добие повеќе природен вкус. 
  4. Оставете го чајот малку да се излади, а потоа додадете сок од малини или вишни, па сок од портокал, убаво измешајте и ставете во фрижидер да се излади. 
  5. Пред послужување, во чашите ставете по неколку коцки мраз и по едно парче портокал.

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text