Рецепт за најбрзите кифлички

Рецепт за најбрзите кифлички

Ќе бидете изненадени од брзината на подготовка!

Состојки:

  • 1 кесичка сув квасец или 30 гр свеж
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 180 гр кисела павлака
  • 100 мл масло
  • 200 мл млеко
  • 600-700 гр меко брашно
  • 10 гр прашок за печиво
  • полнење по избор
  • 1 јајце за премачкување

Начин на подготовка:

  1. Загрејте го млекото да биде топло, па додајте шеќер и квасец и измешајте, таман да се активира додека го подготвувате останатото. 
  2. Во друг сад ставете 600 гр брашно, додајте прашок за печиво и сол, па со раце измешајте. Додајте кисела павлака и масло. 
  3. Потоа залијте ја масата со млеко и квасец и замесете тесто. Можеби ќе ви треба уште едно посипување со брашно за убаво да се замеси. 
  4. Префрлете го тестото на работна површина и измесете го до крај. Поделете го тестото веднаш на 2 еднакви дела. 
  5. Со сукало развлечете едно парче тесто во круг, со пречник од 50 см, и исечете го на 16 или повеќе делови. 
  6. На секој дел ставете полнење по избор и свиткајте во кифли. Наредете ги во тепсија. Едно тесто е за една тепсија. Направете го истото и со другото тесто и наредете во друг плех. 
  7. Разматете јајце па премачкајте ги кифлите и посипете ги по желба со некои семки или морска сол. 
  8. Загрејте ја рерната на 200 степени. Кога рерната ќе се загрее прво ставете ја тепсијата која сте ја направиле прва. Печете додека кифлите не поруменат по ваш вкус.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

singlepost_text