Брза гибаница – рецепт кој не излегува од мода никогаш

Брза гибаница – рецепт кој не излегува од мода никогаш

Гибаницата е вкусна и од неа никогаш доста, тоа е едно од јадењата кои не излегуваат од мода.

Состојки:

  • 500 гр. кори за гибаница
  • 300 гр. сирење
  • 2 шолји масло
  • 2 јајца
  • 1 шолја кисела павлака
  • сол
  • малку кисела вода

Подготовка:

  1. Се матат јајцата со малку кисела вода, па се додава масло и сирењето издробено и се меша убаво, па се става киселата павлака.
  2. Се меша се убаво да се соедини.
  3. Се става една кора на дно на тепсија, па се гужваат две кори и се ставаат во филот,  и се става фил, па се развлекуваат по тепсијата, па се става една кора, па две згужвани и така додека не се потроши материјалот.
  4. Последната кора се мачка со масло.
  5. Се пече на 180 степени додека не порумени.

 

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Гибаница на шумадиски начин

Преку 20 мафини од една смеса

Бургер погачи

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

 

singlepost_text