Ајвар по македонски рецепт: Ова зимо ќе ви завидува цело маало, рецепт со децении кој успева секогаш

Ајвар по македонски рецепт: Ова зимо ќе ви завидува цело маало, рецепт со децении кој успева секогаш

Направете вкусен ајвар за кој сите ќе ви бараат рецепт зимово.

Состојки:

  • 10 кг. пиперки црвени
  • 3 модри патлиџани
  • 5 дл. масло
  • сол
  • 1 лажица шеќер

Подготовка:

  1. Се печат пиперките во рерна или на ќумбе ако имате, се ставаат во кеси неколку минути за полесно да се лупат, па се лупат и чистат од семки.
  2. Се ставаат во мрежеста вреќа да се цедат, најмалку три часа.
  3. Се печат исто и модрите патлиџани, се ставаат во кесе, па се лупат и цедат.
  4. Се мелат патлиџаните и пиперките, па се ставаат во лонец на оган.
  5. Се меша постојано, се додава постепено маслото. Се става децилитар на секои 20 минути.
  6. Маслото не смее да избие на површина и затоа се меша постојано.
  7. Спремете тегли и ставете го ајварот, ставете малку масло на врвот на секоја тегла и затворете.
  8. Нека се ладат 24 часа, па нека бидат на ладно и мрачно место.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Повеќе рецепти за десерти тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

singlepost_text