Направете супер вкусен ручек со тестенини од рерна.
Ова е рецептот:
Состојки:
- 300 гр. тестенини
- 300 гр. мелено месо
- 2 дл. доматно пире
- 1 тиквичка
- 2 пиперки
- 1 кромид
- сол, бибер и оригано
- 150 гр. рендан кашкавал
- 2 дл. павлака за готвење
Подготовка:
- Се варат вообичаено тестенините во врела вода со сол, па се цедат.
- Кромидот се сече ситно и се запржува на масло, со измиените и ситно сечени тиквички.
- Се ставаат и сечени пиперки.
- Се меша, се додава и меленото месо со доматно пире, зачини.
- Се крчка се десетина минути со мешање и потоа се става во тестенините во огноотпорен сад со масло.
- Се става и кашкавал измешан со павлаката за готвење, па се пече на 200 степени 20 минути.
Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици
Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво
ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир
Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи
Полнет ананас со ориз и пилешко
Полнети печурки по најдобар рецепт