Бабина мусака од стар леб: Фантастично евтино јадење (Видео)

Бабина мусака од стар леб: Фантастично евтино јадење (Видео)

Одлична идеја кога не знаете што да правите со стариот леб.

Состојки:

  • 300 гр шунка
  • 200 гр кисела павлака
  • масло
  • 1/2 праз
  • 1 пиперка
  • бибер
  • сув зачин
  • 2 јајца
  • 200 гр сирење
  • сечкан стар леб
  • 1 домат
  • 3 чешниња лук
  • малку кашкавал

Начин на подготовка:

  1. Од парчињата леб тргнете ја кората. На масло пропржете сечкан праз и пиперка па додајте на коцки исечкана шунка, лук, зачин, бибер и домат. 
  2. Во тоа додајте сирење и едно јајце. На дното на плехот ставете хартија за печење, па наредете парчиња леб едно до друго. 
  3. Од горе ставете го целиот фил па преку повторно ставете парчиња леб. 
  4. Во чинија скршете го останатото јајце додајте павлака и малку млеко и со тоа прелијте ја мусаката и од горе нарендајте малку кашкавал. 
  5. Печете на 200 степени околу 40-45 минути.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

singlepost_text