Вкусни лазањи со моцарела

Вкусни лазањи со моцарела

Лесна варијанта лазањи со зеленчук и моцарела.

Состојки:

  • 12 листови лазањи
  • 1 тиквица со средна големина
  • 6 домати (црвени и жолти)
  • 1 црвена пиперка
  • 1 средна главица кромид
  • 250 гр моцарела
  • 8 гранчиња темјан
  • 200 мл супа
  • 1 лажица маслиново масло
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Листовите лазањи гответе ги во посолена вода 5 минути, измијте ги, исцедете ги и ставете помеѓу слоевите проѕирна фолија да не се залепат. 
  2. Зеленчукот исчистете го и измијте го, тиквиците и доматите исечкајте ги на кругови, а пиперката на помали парчиња. Кромидот излупете го и исечкајте го. Моцарелата исечете ја на коцки. 
  3. Рерната загрејте ја на 200 степени. Во намастен огноотпорен сад ставете 4 листови лазањи, потоа наизменично редете ги сите подготвени состојки и лазањи, залијте со супа, прокапете со масло и печете 25 минути. По желба, преку лазањите изрендајте пармезан.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text