Сочно пилешко со печурки

Сочно пилешко со печурки

Брз ручек кој лесно се прави. Комбинацијата пилешко и печурки е совршена секогаш.

Состојки:

  • 500 гр. пилешко
  • 4 лажици маргарин
  • 1 кромид
  • 150 гр. печурки
  • 1 коцка пилешка супа
  • 1 лажица брашно
  • 1/3 лимонов сок
  • магдонос

Подготовка:

  1. Се сече пилешкото и малку се обработува со чекан за месо.
  2. Се ставаат зачини, сол и бибер.
  3. Се става половина маргарин на тава, па пилешкото кое се пржи.
  4. Се вади пилешкото, а на истата тава се пржат ситно сечен кромид и печурки, па се динста додека не испари водата.
  5. Се става коцката супа, сок од лимон и брашно, па се вари додека не се згусне.
  6. Се враќа пилешкото со магдонос, се крчка уште малку и се служи.

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

 

 

singlepost_text