Рибја чорба со зеленчук: Ништо комплицирано, се подготвува за 30 минути

Рибја чорба со зеленчук: Ништо комплицирано, се подготвува за 30 минути

Одлична е за време на пост, но можете да ја правите секојдневно како лесен оброк!

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 пашканат
  • 1 корен магдонос
  • 1 целер
  • 1 пиперка
  • 1 поголем морков
  • лист ловор
  • бибер во зрно
  • 500 гр сом
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица зачин за рибја чорба
  • малку сув зачин
  • мелен бибер
  • 1 лажичка црвена пипер
  • листови целер и магдонос
  • маслиново масло

Начин на подготовка:

  1. На малку масло пропржете сечкан кромид па додајте го подготвениот зеленчук исечкан на коцки. Динстајте малку па налијте вода и оставете да се готви околу 15 минути. 
  2. Додајте ловоров лист, бибер во зрно и исечкана риба. Гответе уште 10-15 минути. 
  3. Во малку вода разматете ги сите зачини, брашно, пипер, зачин за риба, сув зачин, мелен бибер па додајте во чорбата. 
  4. На крај, додајте сечкани листови магдонос и целер.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text