Ориз, павлака и спанаќ – ваков ручек немате јадено

Ориз, павлака и спанаќ – ваков ручек немате јадено

Направете супер вкусен ручек со ориз. Вакво рижото немате јадено.

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 шолја ориз
  • 1 шолја сечен спанаќ
  • 1 шолја павлака кисела
  • малку масло
  • вегета
  • бибер

Подготовка:

  1. Се потопува оризот во вода и се остава така додека да се употреби.
  2. Се пржи сечениот кромид на масло и се додава оризот со вода, па се динста да набабри и омекне.
  3. Се додава вода за да не се залепи оризот.
  4. Се става потоа спанаќот убаво измиен, па се ставаат сите зачини и се исклучува шпоретот.
  5. Се става на крај и павлаката.
  6. Се меша и служи топло.

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Посна чорба со ориз

Вкусна крем чорба од ориз

Постои еден трик за да не се згусне оризот

Пита со ориз и праз

Направете кремава ориз салата

Салата од ориз и колбас

singlepost_text