Совети на кулинарите: Намирници кои ќе ја избркаат гладта

Совети на кулинарите: Намирници кои ќе ја избркаат гладта

Доколку сакате да останете витки, треба да јадете храна од која долго ќе чувствувате ситост. Запомнете го спасоносното трио: протеини, здрави масти и влакна. Ви донесуваме листа намирници кои ќе ви помогант подолго да останете сити.

Супа

Храна која содржи многу вода и обезбедува ситост. Пред главното јадење добро е да изедете супа, така нема ни да се прејадете. Супата би требало да содржи доста зеленчук и протеини.

Јајца

Едно јајце има само 70 калории и дури 6 грама протеини. Некои студии покажале дека жените кои доручкуваат јајца побрзо губат тежина отколку нивните врснички кои за доручек не јадат јајца, но внесуваат исти калориски вредности. Веројатно поради тоа што даваат повеќе енергија и подолго чувство на ситост.

Авокадо

Здравите монозаситени масти од авокадото ќе ви помогнат да го задржите чувството на ситост.

Јогурт

Во 2 дл јогурт има дури 6 гр протеини – ситоста е загарантирана.

Овесни снегулки

Богат извор на влакна, дури 4 гр по шолја. Подобрете го вкусот додавајќи боровници или друго овошје по избор.

Грав

Богат е со протеини и содржи комплексни јаглехидрати кои подолго се разградуваат.

Јаболко

Само 80 калории, а може да засити како целосен оброк, бидејќи содржи 4 гр влакна и многу вода.

Јаткасти плодови

Содржат совршена комбинација од влакна, протеини и здрави масти. Само не претерувајте со количината, грицкајте по малку секој ден.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text