Направете вкусно месо со јогурт кое се топи во уста.
Состојки:
- 500 гр. мисиркино месо
- 4 дл. јогурт
- 100 гр. кашкавал
- 100 гр. презла
- 2 лажици магдонос
- бибер
- сол
- масло
Подготовка:
- Се ренда кашкавалот, се сече ситно магдоносот и месото се сече на тенки шницли.
- Се меша кашкавалот во сад во презлата и магдонос, се става сол и бибер на секоја шницла и се ставаат во јогурт, па се ставаат во смесата со кашкавал.
- Се премачкува тава со масло, се ставаат шницлите и остатокот од јогуртот и смесата врз нив.
- Се печат на 200 степени 20 минути.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса
Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата
Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула
Малиџано – одличен домашен рецепт
Зеленчукова ужинка за на работа