Видео рецепт: Ролни со виршли од кои ќе замириса цел стан

Видео рецепт: Ролни со виршли од кои ќе замириса цел стан

Направете вкусно тесто си виршла, за појадок, вечера или ужина.

Состојки:

  • 800 гр. брашно
  • 2 дл. млеко
  • 2 дл. кисела вода
  • 1 квасец
  • 1 лажиче шеќер
  • 1 дл. масло
  • сенф или павлака по избор
  • 1 јајце
  • 2 лажички сол
  • 8 виршли
  • 250 гр. маргарин
  • + 1 јајце за премачкување

Подготовка:

  1. Се става млако млеко во сад со квасецот и се додава шеќер. Се меша и се става кисела вода, масло и 300 грама брашно и се додава сол.
  2. Се мати со миксер, па се меси со рака.
  3. Брашно додавајте за да направите мека топка.
  4. Оставете го со крпа, нека нарасне двојно.
  5. Премесете го и поделете го на 2-3 еднакви дела. Секој развлечете го и премачкајте го со растопен маргарин, како што е прикажано на видеото.
  6. Оставете да се нарасне 5 минути, па развлечете го со оклагија.
  7. Премачкајте сенф или павлака по избор и ставете виршли, па замотајте.
  8. Се сечат мали делови и се редат во подмачкан плех.
  9. Се разматува јајце и се премачкуваат, па се печат на 200 степени додека не поруменат.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

 

singlepost_text