Бабина лутеница: Време е за најубавиот намаз од пиперки

Бабина лутеница: Време е за најубавиот намаз од пиперки

Ќе ви стане омилен дел од зимницата…

Состојки:

  • 20 кг црвени пиперки
  • 6 кг модри патлиџани
  • 2.5 кг доматно пире
  • 2.5 л масло
  • 2-3 лажици шеќер
  • сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Измијте ги пиперките и патлиџаните и испечете ги. Потоа излупете ги. Готовите патлиџани и пиперки сомелете во машина. 
  2. Еден литар масло загрејте и ставете мелен зеленчук и доматно пире. Откако ќе зоврие, со непрекинато мешање постепено додајте го и остатокот од маслото. 
  3. Пред да го тргнете од оган, додајте сол и шеќер и повторно измешајте. Потоа оставете малку да се излади и полнете ги стаклените тегли, кои претходно сте ги стерилизирале.

Повеќе поврзани рецепти на Готви.Мк

Англиски погачици со чедар – ќе ги правите во секоја прилика

Полнети тиквички по најдобар рецепт

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

singlepost_text