Ако ви е топло и не сакате да вклучите шпорет, ова е супер рецепт за вас.
Салата со краставици и грав, идеална за летото.
Состојки:
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажички оригано
- 4 шолји излупени краставици на коцки
- 1 конзерва црвен грав
- 2/3 шолји пиперки исечени ситно
- ½ шолји фета
- ¼ шолји кромид
- 2 лажици маслинки
Подготовка:
- Се матат маслото со лимонов сок и оригано, а може и зачини по избор.
- Се ставаат сите состојки и исцедениот грав и се меша.
- Се ставаат горе маслинки.
Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса