Уште една вкусна паста, а едноставна за подготовка.
Состојки:
- 2 лажици путер
- 2 лажици брашно
- 1 шолја млеко
- 200 гр пилешко бело месо, зготвено и иситнето
- 200 гр шунка Пекабеско, исечкана на коцки
- 300 гр тестенини
- 1 веза исечкан целер
- сол
- бибер
- пипер
- 100 гр кашкавал
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Во длабока тава растопете путер, па измешајте брашно и загревајте додека не се појават меурчиња. Постепено додавајте млеко, константно мешајќи додека смесата не згусне.
- Тргнете од оган и додајте пилешко, шунка, зготвени тестенини, целер, а потоа посолете и побиберете по желба.
- Сè ставете во плех за печење и печете во загреана рерна околу 15 минути. Извадете од рерна, посипете со рендан кашкавал и пипер, а потоа вратете во рерна да се пече уште 5 до 10 минути.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство