Чоколадните десерти не се резервирани само за студените месеци. Тоа го докажува и овој фин крем со додаток грчки јогурт и мед.
Состојки:
- 100 гр темно чоколадо
- 70 мл млеко
- 3 лажици мед
- 150 гр грчки јогурт
Начин на подготовка:
- Загрејте млеко во лонец, па прелијте го преку насечканото темно чоколадо. Оставете така една минута, па сè добро измешајте.
- Додајте мед и добро измешајте. Оставете смесата малку да олади.
- Грчкиот јогурт омекнете го со матење, па измешајте го во изладениот крем од чоколадо.
- Ставете во фрижидер до послужување, па украсете со овошје по желба.
Уживајте!
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега