Босански специјалитет: Квргуша

Босански специјалитет: Квргуша

Уживајте во вкусен босански специјалитет…

Состојки:

  • 1 пиле
  • 200 гр брашно
  • 5 јајца
  • 1 шолја милерам
  • малку млеко
  • малку вода
  • сол
  • бибер
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • малку путер

Начин на подготовка:

  1. Пилето исечкајте го на парчиња, посолете и оставете да отстои. Од сите останати состојки замесете тесто кое треба да биде нешто погусто отколку тестото за палачинки. Половина милерам оставете на страна. 
  2. Во намастена и загреана тепсија ставете тесто, а преку наредете парчиња пилешко. Печете околу половина час во добро загреана рерна, извадете ја тепсијата, па премачкајте со останатиот милерам. 
  3. Вратете во рерна и печете уште 10 минути. Сервирајте со салата.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text