Оброк како од ресторан: Крокети од пилешко и шунка

Оброк како од ресторан: Крокети од пилешко и шунка

Одлични пилешки крокети можете да направите и во вашата кујна. Еве еден одличен рецепт!

Состојки:

  • 300 гр пилешко бело месо
  • 200 гр шунка Пекабеско
  • 200 мл павлака Пекабела
  • 1 јајце
  • презла
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Месото обварете го, одвојте го од коски и ситно исечкајте го. Шунката исечкајте ја на коцки. Во сад за мешање соединете месо, шунка, павлака, жолчка, 1 лажица презла. Посолете, побиберете и добро измешајте. 
  2. Од подготвената смеса со намастени раце обликувајте крокети. Крокетите извалкајте ги во разматена белка, па во презла и пржете ги на врело масло. Во презлата можете да измешате сусам, а во смесата за крокети по желба и вкус додајте лажица сенф или мајонез.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*