Крем чорба од печурки

Крем чорба од печурки

Сенфот на чорбата од печурки и дава мистериозен вкус…

Состојки:

  • 1 главица кромид
  • 1 праз
  • 250 гр шампињони
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици сенф
  • сол
  • бибер
  • 150 мл неутрална павлака
  • 3 гранчиња магдонос или листови целер

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте кромид. Празот исечкајте го на кругови. Исчистете ги печурките и исечкајте ги на листови. 
  2. Загрејте путер во тенџере, пропржете кромид и праз, па додајте и печурки. Динстајте со мешање. Налијте вода и измешајте сенф. Посолете и побиберете. Зовријте, намалете го огнот и крчкајте околу 5 минути. 
  3. Измешајте неутрална павлака во супата и зачинете уште еднаш доколку е потребно. Ставете ја супата во претходно загреани чинии (во рерна на 100 степени). Исечкајте магдонос и посипете по супата во чиниите. Сервирајте со препечен леб.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*