Балканска јанија: Заборавено јадење со сочно свинско месо

Балканска јанија: Заборавено јадење со сочно свинско месо

Супер оброк за целото семејство!

Состојки:

  • 1 кг свинско месо
  • 1 шолја масло
  • 3 главици кромид
  • 1 лажица доматно пире
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажичка црвена пипер
  • 10 зрна бибер
  • 2 ловорови листови
  • 1 лута пиперка
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Исечете го месото на крупни парчиња, загрејте масло и пржете додека не испари сокот од месото. Извадете го месото и во истата маст пржете 2 главици ситно сечкан кромид, додајте доматно пире, измешано со малку вода и црвена пипер, па измешајте. 
  2. Додајте го прженото месо и ставете топла вода, посолете и додајте зрна бибер и ловорови листови, па гответе на тивок оган додека месото не омекне и додајте го останатиот кромид, исечкан на полумесечини. 
  3. Кога кромидот ќе омекне, додајте и лута пиперка. Пред да го тргнете јадењето од оган, додајте малку препечено брашно, измешано со вода, измешајте и кога ќе згусне и зоврие, тргнете го готовото јадење и сервирајте го топло.

Добар апетит!

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

singlepost_text