Телешки шницли во сос од лук

Телешки шницли во сос од лук

Лукот освен што е исклучително здрав, на месото му дава и неодолива арома.

Состојки:

  • 600 гр телешко месо од бут
  • сув зачин
  • малку црвена пипер
  • 30 гр остро пченично брашно
  • 1 лажица ајвар
  • 3-4 лажици масло
  • 1 дл вино
  • неколку чешниња лук

Начин на подготовка:

  1. Телешкото месо исечкајте го на шницли, па исчукајте го. Брашното измшајте го со пипер. Секоја шницла (само од едната страна) извалкајте ја во таа мешавина. 
  2. На загреано масло ставајте ги шницлите, прво од побрашнетата страна, а потоа свртете на другата (од секоја страна печете по 2-3 минути.) 
  3. Посипете со сув зачин, налијте вода и динстајте полупокриено на слаб оган 25-30 минути. По потреба доливајте вода. 
  4. Кога месото ќе омекне, додајте ајвар, исечкан лук и вино, па уште малку продинстајте. Послужете со прилог од зеленчук, резанки или млади компирчиња.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text