Меки и неодоливи: Медени домашни кифлички

Меки и неодоливи: Медени домашни кифлички

Меки медени кифлички, ќе ги правите секогаш!

Состојки за тесто:

  • 70 гр путер
  • 175 гр млака вода
  • 400 гр брашно
  • 1 коцка квасец
  • 1/2 лажичка сол
  • 4 лажици мед

Состојки за премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица млеко
  • 50 гр путер

Начин на подготовка:

  1. Во брашното додајте сол. Растопете путер во 175 мл вода па ставете и квасец. 
  2. Во брашното ставете млака вода со квасец и 4 лажици мед. 
  3. Замесете тесто и оставете двојно да се зголеми. Поделете на еднакви топки па секоја развлечете ја. Тестото исечкајте го на триаголници па секој триаголник премачкајте го со растопен путер. По желба можете на врвот да ставите малку еурокрем или џем. Свиткајте ги триаголниците во кифли и наредете ги во плех кој сте го обложиле со хартија за печење. 
  4. Разматете жолчки со млеко па премачкајте ги кифлите. Печете ги 20 минути на 180 степени.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text