Летно јадење готово за 20 минути – лесно за стомакот и брзо

Летно јадење готово за 20 минути – лесно за стомакот и брзо

Летните јадења се секогаш вкусни, брзи и едноставни, а долго ни се во сеќавање.

Направете вкусен ручек со многу зеленчук кој мами со својата арома која ја шири.

Ви треба малку време бидејќи сите намирници бараат кратко време за термичка обработка.

Состојки:

  • 2 кромиди
  • 1-2 тиквички
  • 2 пиперки
  • 5 домати
  • вегета
  • сол
  • бибер
  • тестенини по избор

Подготовка:

  1. Се сече зеленчукот ситно откако убаво ќе се измие, а доматите воедно и се лупат.
  2. На масло се пржи кромидот со пиперката, потоа тиквичките и доматите.
  3. Се крчкаат околу 20 минути додека се не се распадне.
  4. Се служи со тестенини кои ќе ги сварите на вообичаен начин во солена вода, ќе ги исцедите, ставите во чинија, а сосот врз нив.

Повеќе салати на Gotvi.mk:

Врап со туна кој се прави за 5 минути

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

 

 

 

 

singlepost_text