Полнети тортиљи на скара

Полнети тортиљи на скара

Тортиљите испечени на скара се уште повкусни од обичните, а изгледаат далеку поинтересно.

Состојки:

  • 400 гр печени црвени пиперки
  • 4 домати
  • 8 големи меки тортиљи
  • 200 гр намаз од сирење со пиперка
  • 100 гр шунка или пилешко подготвено на скара

Начин на подготовка:

  1. Пиперките исцедете ги, а доматите исечете ги на осмини и исчистете ги од семки. 
  2. Тортиљите премачкајте ги со намаз па на секоја ставете по малку пиперки, 4 осмини домати и листови салама или месо. 
  3. Преклопете ги тортиљите по должина и ширина така што ќе добиете облик на пакетчиња, зацврстете со чепкалки и печете на жар околу 10 минути.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text