Без печење, готвење, сечкање и матење: Најбрзата торта на светот има фантастичен вкус

Без печење, готвење, сечкање и матење: Најбрзата торта на светот има фантастичен вкус

Освежувачки десерт со овошје, идеален за врелите летни денови…

Состојки:

  • 400 гр малини или друго смрзнато овошје (јагоди, капини, микс…)
  • 1 готов бисквит за торта
  • 30 гр готов пудинг од ванила
  • 4 лажици шеќер
  • 250 мл млеко
  • арома рум
  • 10 гр прашок за прелив за торти
  • 250 мл вода

Начин на подготовка:

  1. Овошјето измијте го и исчистете го, ако користите смрзнато, оставете го малку да одмрзне. Во сад на слаб оган загрејте готов пудинг, измешате рум и излејте по готовиот бисквит. На се уште врелиот пудинг наредете овошје, од средината кон надвор. 
  2. Во сад измешајте прелив за торти со 2 лажици шеќер. Ставете на оган и постепено додавајте 2,5 дл вода непрекинато мешајќи да исчезнат грутките. 
  3. Мешајте додека течноста не зоврие, а потоа оставете неколку минути да се излади. Кога течноста ќе почне да стврднува, излејте ја на тортата почнувајќи од средина кон надвор. Површината брзо ќе стегне. 
  4. Кога преливот ќе се излади, послужете ја тортата.

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text