Не се пече: Сникерс сладолед торта

Не се пече: Сникерс сладолед торта

Највкусната Сникерс варијанта досега!

Состојки за сладолед:

  • 1 лименка (400 мл) полномасно кокосово млеко (од фрижидер)
  • 3 зрели банани
  • 1 мала шолја путер од кикирики
  • 1 лажичка екстракт ванила
  • 1 рака сирови кикирики
  • прстофат морска сол

Состојки за слој со карамел:

  • 1/2 мала шолја путер од кикирики
  • 10 свежи урми без коски
  • 4 лажици кокосово масло
  • 1/2 мала шолја полномасно кокосово млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила
  • прстофат морска сол
  • глазура од чоколаден прелив
  • грубо исечкани лешници, за украсување

Начин на подготовка:

  1. Со хартија за печење обложете калап за леб со големина од 9х19 см. Оставете го на страна. 
  2. Отворете ја лименката кокосово млеко, извадете го густиот бел крем и ставете го во блендер. 
  3. Додајте банани, путер од кикирики и ванила и мешајте да биде глатко. 
  4. Ставете ја мешавината за сладолед во подготвениот калап. Во помал сад измешајте кикирики и сол па посипете по сладоледот и ставете на страна. 
  5. Ставете ги сите состојки за карамел слој во блендер па мешајте да биде глатко. По потреба додајте малку вода. Од прилика половина од преливот ставете го на сладоледот. Остатокот оставете го на страна. 
  6. Калапот ставете го во замрзнувач на околу 3 часа или додека не стврдне. Извадете го сладоледот од калапот и ставете го на чинија за послужување. 
  7. Ставете го остатокот од карамелниот прелив на тортата, а на него излејте чоколадна глазура. Посипете со грубо мелени лешници. Оставете тортата малку да отпушти.

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text