Ловечки кнедли од месо и стар леб (Видео)

Ловечки кнедли од месо и стар леб (Видео)

Идеална комбинација од стар леб и месо за гурмански оброк.

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • масло
  • 150 гр чадена шунка или сланина
  • 1 главица кромид
  • 250 мл млеко
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте го лебот и чадената сланина на коцки. Пропржете ги заедно во сад. 
  2. Кромидот исчистете го, исечкајте го на мали парчиња и препечете го на масло. 
  3. Во голем сад замесете тесто од брашно, млеко, јајца, потоа посолете, па додајте препечен леб, шунка и кромид. 
  4. Со раце добро замесете го тестото. Поголемите парчиња леб изгмечете ги на помали. Исечкајте магдонос и додајте го во смесата. Оставете ја смесата да одмара половина час. 
  5. Со влажни раце правете кнедли со големина на јаболка. 
  6. Наполнете сад со вода, посолете и оставете водата да зоврие. Кнедлите гответе ги во врела вода десетина минути. Извадете, исцедете и послужете со некој сос.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ во прилог:

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо

 

singlepost_text