Направете леб со посебно крцкава кора.
Ваков не сте јаделе.
Состојки:
- 25 гр. свеж квасец
- 1 лажиче шеќер
- 200 мл. топла вода
- 350 гр. брашно
- 2 лажици масло
- 1 лажиче сол
- 1 белка за премачкување
- 1 лажица ладна вода за горе
- 1 лажица пченично брашно
Подготовка:
- Во топлата вода со шеќер се става квасецот да се активира, па се мешаат посебно брашното и масло со сол, па потоа се става и квасецот.
- Се меси тесто кое треба да е меко, а да не се лепи.
- По потреба додавајте си брашно.
- Се остава да нарасне тестото, се премесува и се става на плес за печење.
- Се става горе пченично брашно, се остава да нарасне малку, па се прави векна.
- Се загрева рерната на 200 степени и се премачкува векната со ладна вода и со белка.
- Се прават засеци и се пече.