Без јајца и без мака: Кокос колач со мерки во шолји

Без јајца и без мака: Кокос колач со мерки во шолји

Совршен колач со кокос без мака и беа јајца.

Мерките се изразени во шолја од 2 децилитри.

Состојки:

  • 1 шолја јогурт
  • 1 шолја млеко
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја кокос
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 шолји шеќер
  • 2 шолји брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 100 гр. чоколадо за глазура
  • 3 лажици масло

Подготовка:

  1. Се мешаат состојките по овој редослед со жица: јогурт, млеко, масло, кокос, ванилин шеќер, шеќер, брашно и прашок за пециво.
  2. Се ставаат во плех со брано и се пече смесата на загреана рерна на 180 степени 30 минути.
  3. На пареа се топи чоколадото со масло, се става врз бисквитот и се стега во ладилник.
  4. Декорирајте по избор.

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

 

singlepost_text