Домашен јабплков оцет: Научете како да го правите чекор по чекор (Видео)

Домашен јабплков оцет: Научете како да го правите чекор по чекор (Видео)

Со малку труд и време ќе направите домашен и здрав јаболков оцет кој постојано ќе го користите.

Состојки:

  • 5 кг јаболка
  • 300 гр шеќер (ако јаболката се кисели ставете 500 гр шеќер)

Начин на подготовка:

  1. Јаболката добро измијте ги и исчистете ги. Исечете ги што поситно или сомелете ги во машина. Додајте шеќер. 
  2. Ставете доволно вода (како што е прикажано во видеото). Јаболката не смеат да бидат суви. Течност не треба да има ни премногу, барем една четвртина од садот треба да биде празна, бидејќи кога ќе започне ферментацијата ќе се истури ако нема место во садот. Оставете ги јаболката на топло место, бидејќи така ќе се забрза процесот. 
  3. Садот потоа покријте го со мокра газа и оставете да заврши ферментацијата. Ферментацијата трае од 10-15 дена што зависи од топлината. Кога процесот ќе заврши јаболката ќе паднат на дно, а оцетот ќе се избистри. 
  4. Процете го оцетот на чиста газа, а талогот фрлете го. 
  5. Процедете го оцетот уште 4-5 пати во период од 10 дена додека не добиете целосно бистар оцет. Ставете во стаклени шишиња и затворете.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text